Градоначалник

Исмаил Јахоски е роден на четврти март 1963 година, во Пласница. Основно училиште завршил во Пласница, а потоа завршил средно економско училиште.

Работел во земјоделска задруга, а од 1988 година во приватна фирма.

Од 1993 година основал сопствена претпријатие „Пуцко-Петрол“ кое располага со повеќе бензински пумпи и се занимава со промет на нафтени деривати, градежни материјали и други дејности. Во него има повеќе од 100 вработени.

Женет е и има четири деца. Бил избран за градоначалник на Општина Пласница на локалните избори во 1996 година, во 2000 година, потоа во 2009 година и по четврти пат во 2013 година.
КЛС е делегат во Заедничкиот консултативен комитет меѓу република Македонија и Комитетот на региони на Европската унија.