Градоначалник на Општина Пласница Алија Јаоски

Биографија на Алија Јаоски

Алија Јаоски е роден на 10.01.1968 година во село Пласница- општина Пласница. Основно училиште завршил  во родното место Пласница. Дипломирал на Економски факултет.

Зборува повеќе странски јазици Турски, Германски,  а спортувањето му е омилена рекреација.

На вондредните локални избори, што се одржа за општина Пласница и за општина Штип на 13.12.2020 година, за прв пат е избран за Градоначалник на општина Пласница, од жителите на општина Пласница повторно ја доби довербата и на локалните избори во 2021 година.