Денес имавме чест во нашата општина да го пречекаме амбасадорот на Република Туркије во Република Северна Македонија, г-дин Фатих Улусој.

Во рамки на посетата заедно ја посетивме општината, општинското основно училиште и здравствениот дом, каде разговаравме за можностите за соработка и поддршка во областите на образованието, здравството и локалниот развој.

Вечерта ја заокруживме со заеднички ифтар, во присуство на градоначалникот на Кичево и пратениците во собранието на Република Северна Македонија г-дин Сали Мурат и г-дин Исмаил Јахоски, како и многу почитувани гости и пријатели.

Ви благодарам на сите што ја прифативте поканата и со вашето присуство ја направивте оваа вечер посебна.