Официјално беше потпишан договорот за реализација на проектот за изградба на потпорен ѕид во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Општина Пласница.
Овој проект е од големо значење за училиштето и локалната заедница, бидејќи со изградбата на потпорниот ѕид ќе се обезбеди поголема заштита на спортската сала, како и поголема безбедност за учениците и вработените.
Продолжуваме посветено да инвестираме во подобри и побезбедни услови за образование и развој на нашата општина.

