Во Скопје во седиштето на ТИКА остварив средба со координаторката на ТИКА г-ѓа Fevziye Şeyma Babayiğit. Разговаравме за можностите за поддршка и реализација на проекти во неколку области за Општина Пласница.
Се надевам дека оваа средба ќе вроди со плод и ќе придонесе за нови успешни проекти во интерес на нашите граѓани. И благодарам на координаторката г-ѓа Fevziye Şeyma Babayiğit за приемот и конструктивниот разговор.

