Со гордост ве информираме дека еколошката акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, која се одржа на 9 мај (петок) 2025 година, во општина Пласница, беше успешно спроведена!

Голема благодарност до сите граѓани, ученици, наставници, вработените во Општина Пласница, ЈП „Комуналец“ с. Пласница и сите волонтери кои несебично се вклучија во чистењето и уредувањето на јавните површини во населените места Пласница, Преглово и Лисчани.

Со заеднички сили придонесовме за почиста и поздрава животна средина и испративме силна порака за важноста на еколошката свест и одговорност.

Продолжуваме со вакви активности и во иднина!