Општина Пласница ги известува сите граѓани дека ќе се одржи свечено пуштање во употреба на амбулантата во село Преглово, изградена со донација од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Свеченоста ќе се одржи на ден 20.12.2025 година (сабота), започнувајќи од 10.00 часот.

На настанот ќе присуствува Амбасадорот на Р.Туркије во РСМ, Претставници од  ТИКА, Координаторот на ТИКА во РСМ, Министерот за здравство, Директорот на ЈЗУ Здравствен дом М.Борд и други поканети гости.

Ги покануваме сите граѓани да присуствуваат и со своето присуство да го збогатат овој значаен настан за локалната заедница.

Со почит,

Општина Пласница