Завршна фаза на проектот за Енергетска ефикасност и целосна реконструкција на ООУ„Јунус Емре“ село Лисичани-општина Пласница
Завршна фаза на основното училиште „ЈУНУС ЕМРЕ” во с. Лисичани – општина Пласница.
Оваа капитална реконструкција на училиштето овозможува подобри услови за учење и работа на учениците и просветниот кадар. Подобрената топлинска изолација ќе резултира во енергетски ефикасен училишен објект, не само што ќе се намалат трошоците за загревање туку ќе спречи и губење на топлина.
Исто така, заштитата од влага ќе помогне во одржување на инфраструктурата на училиштето, обезбедувајќи долгорочна трајност и одржливост на објектот. Со Реконструкцијата на основното училиште ќе има позитивни ефекти за учениците, наставниците и локалната заедница и придонес кон подобрување на образованието на учениците и вработените.
Проектот е реализиран во соработка со Центар за развој на Југозападен плански регион.