Успешно го реализиравме ветениот проект – изградбата на мостот кај Алија Чакрески, Кадрија Еминоски и Неџат Синаноски.
Овој мост претставува значајна инфраструктурна поврзаност, со која се поврзуваат двете улици – едната кај Џаферовци и другата покрај џамијата, во правец кон Чакревци и планината.

Изградбата на овој мост беше од големо значење за локалното население, овозможувајќи побезбедно и полесно движење.

Продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните, затоа што за нас дадениот збор значи обврска – она што го ветуваме, го исполнуваме.