Општината успешно го заврши проектот за инсталација на соларни панели на неколку институции под наша надлежност, а тоа се двете основни училишта Мустафа Кемал Ататурк-с.Пласница и Јунус Емре-с.Лисичани, Општинската зграда и прочистителната станица, а со ова се потврдува посветеноста на општината кон одржлив развој и заштита на животната средина.

Позитивни страни од инсталацијата на соларни панели:

  • Намалување на трошоците за електрична енергија;
  • Соларните панели генерираат електрична енергија од сончевата светлина, што значи дека институциите можат да ги намалат своите трошоци за електрична енергија;
  • Намалување на емисијата на штетни гасови;
  • Со користење на обновлива енергија, се намалува зависноста од фосилни горива и се намалуваат емисиите на штетни гасови, како што се јаглерод диоксид (CO2);
  • Заштита на животната средина;
  • Соларната енергија е чиста и обновлива, што придонесува за зачувување на природните ресурси и заштита на животната средина;
  • Подигнување на свеста за одржлив развој;
  • Проектот има образовен аспект, бидејќи го поттикнува интересот и свеста кај граѓаните, особено кај младите, за одржливи и еколошки практики.
  • Позитивен економски ефект: Намалувањето на трошоците за енергија овозможува насочување на заштедените средства кон други општествени и образовни проекти.