Врз основа на член 37 став 5 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. весник на РСМ 32/2020) информацискиот систем е-урбанизам има отворен дел, односно веб страна, со која се овозможува отворена и бесплатна достапност на јавноста кон постапката за донесување на урбанистички планови, што ги содржи клучните фази од постапката:

· планска програма,
· нацрт план и
· предлог план.

Отворениот дел на системот овозможува достапност кон сите донесени урбанистички планови што се на сила, како и архива за претходно донесените планови што се вон сила.

https://www.e-urbanizam.mk/najava.nspx

Е-одобрение за градење

Урбанизам и Планирања

ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА

За да добиете ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА треба да ги доставете следните документи:

1. Барање за одобрение за градба;
2. Правно дело за уредување на меѓусебните права и обврски склучено помеѓу инвеститорите за изградба на градбата (доколку станува збор за повеќе инвеститори меѓу кои има и физички лица заверено кај нотар);
3. Архитектонско – урбанистички проект заверен од надлежен орган доколку со урбанистичкиот план или локалната урбанистичка планска документација е предвидена изработка на овој проект;
4. Основен проект во три примероци;
5. Писмен извештај и согласност за нострификација ( доколку проектот е изработен во странство;
6. Ревизија на основен проект во три примероци ( но не и за градби наменети за индивидуално домување со бруто површина до 300 м2 );
7. Доказ за право на градење:

* имотен лист со запишано право на сопственост;
* право на долготраен закуп;
* право на службеност на градежно земјиште;
* договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште;
* договор за концесија на Владата на Р.М. со која државен орган, агенција или фонд на основачи од Владата на Р.М.;
* единица на локална самоуправа која се стекнала со право на градење;
* договор со заедницата на сопственици на делови на објектот;
* писмена согласност од мнозинството на сопственици на посебните делови од половина од вкуп ната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост или имотен лист со запишано право на сопственост на Р.М. или конечно решение експропријација доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни градби );

8. Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште;
9. Решение за трајна измена на режим на сообраќај од надлежен орган доколку се бара одобрение за
придружно – услужни објекти на општински патишта;
10.Овластување за изградба на градби за производство на електрична и топлинска енергија од надлежен
орган доколку се бара одобрение за градби за производство на електрична енергија;
11.Нотификација за пренос на електронски податоци издадена од Агенцијата за електронски комуникации доколку се бара одобрение за електронски и комуникациски мрежи и средства;
12.Решение со кое се одобрува основање на депонија издадено од надлежен орган доколку се бара
одобрение за депонии за интерен отпад;
13.Доказ за извршена уплата на административна такса за издавање на одобрение за градење согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за административни такси.

ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ЗА ОДОБРЕНИЕ НА ГРАДБА

За да пристапите на почетната страна на системот за електронско издавање на одобрение за градење, потребно е да кликнете на линкот:

https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2fs