Според законот за локална самоуправа, „Општина“ е единица на локална самоуправа, како заедница на жителите на одредено подрачје, утврдено со закон, која преку своите органи и преку администрацијата и организираните јавни служби, овозможува вршење на надлежностите пропишани со закон. Општините се правни лица и своите надлежности ги извршуваат преку органи избрани непосредно од граѓаните.
Прописи на општината:
• Општината го уредува вршењето на своите надлежности со статутот и други прописи.
• Со статутот на општината се уредуваат:
• организацијата и работењето на органите на општината, организацијата и работењето на комисиите на советот;
• вршењето на работите од членот 20 на закон за локална самоуправа; начинот на информирање на граѓаните;
• случаите на исклучување на јавноста од седниците на советот;
• начинот и постапката за доставување претставки и предлози за работата на органите на општината и постапување по нив;
• начинот на организирање јавни трибини, спроведување анкети и прибирање предлози од граѓаните;
• начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба, како и други прашања од значење за локалната самоуправа.
• Прописите на општината се објавуваат пред да влезат во сила.
• Начинот на објавувањето на прописите се уредува со статутот.
Општината е надлежна за вршење на следните работи:
• Урбанистичко (урбано и рурално) планирање, издавање на одобренија за градење на објекти од локално значење утврдени со Закон, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште;
• Заштита на животната средина и природата, во смисла на преземање на мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштитата од бучава и нејонизирачко зрачење;
• Локален економски развој, во смисла на планирање на локалниот економски развој, утврдување на развојни и структурни приоритети, водење на локална економска политика, поддршка на развој на мали и средни претпријатија и на претприемништвото на локално ниво и во тој котекст учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство;
• Комунални дејности, во смисла на снабдување со вода за пиење, испорака на технолошка вода, одведување и пречистување на отпадни води, одведување и третман на атмосферски води, јавно осветлување, одржување на јавна чистота, собирање, транспортирање и постапување со комунален цврст и технолошки отпад, уредување и организирање на јавниот локален превоз на патници, одржување на гробовите, гробиштата и давање погребални услуги, изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта и улици и други инфраструктурни објекти, регулирање на режимот на сообраќајот, изградба и одржување на улична сообраќајна сигнализација, изградба и одржување на јавен простор за паркирање, одстранување на непрописно паркирани возила, одстранување на хаварисани возила од јавните површини, изградба и одржување на пазари, чистење на оџаците, одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини, регулација, одржување и користење на речните корита во урбанизирани делови, определување на имиња на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти;
• Култура, во смисла на институционална и финансиска подршка на културните установи и проекти, негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности, организирање на културни манифестации, поттикнување на разновидни специфични форми на творештво;
• Спорт и рекреација, во смисла на развој на масовен спорт и рекреативни активности, организирање на спортски приредби и манифестации, одржување и изградба на објекти за спорт, како и поддршка на спортски сојузи;
• Социјална заштита и заштита на деца, во смисла на финансирање, инвестиции, одржување и сопственост на детски градинки и домови за стари, остварување на социјална грижа за инвалидни лица, деца без родители и родителска грижа со воспитно-социјални проблеми, со посебни потреби, од еднородителски семејства како и деца од улица, лица изложени на социјален ризик, засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол, подигање на свеста на населението, домување на лица со социјален ризик, остварување на право и воспитување на деца од предучилишна возраст;
• Образование, во смисла на основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта во соработка со централната власт, во согласност со закон, како и организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови;
• Здравствена заштита, во смисла на управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита во кои општината е застапена во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравствено воспитување, унапредување на здравјето, превентивни активности, заштита на здравјето на работниците и заштита при работа, здравствен надзор на животната средина, надзор над заразните болести, помош на пациенти со специјални потреби и други области определени со закон;
• Спроведување на подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјални добра од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последици предизвикани од нив;
• Противпожарна заштита вршена од територијалната противпожарна единица;
• Надзор над вршењето на работи од надлежност на општината;
• Други работи определени со закон.
Мерки за заштита на граѓаните
Грижата за безбедноста на граѓаните претставува еден од главните приоритети на Општина Пласница. Во рамките на своите надлежности, Општината континуирано презема активности и мерки насочени кон создавање сигурна, здрава и безбедна средина за живот.
Во таа насока, Општина Пласница спроведува:
- Редовно одржување и унапредување на локалната инфраструктура.
- Одржување на јавната хигиена и заштита на животната средина.
- Превентивни активности за намалување на ризиците од природни непогоди и други вонредни состојби.
- Соработка со надлежните институции за заштита и спасување, полицијата, противпожарните служби и здравствените установи.
- Унапредување на безбедноста во јавните површини и околу образовните институции.
- Навремено информирање на јавноста за важни известувања, препораки и мерки од интерес за граѓаните.
- Поддршка на активности кои придонесуваат за заштита на здравјето, безбедноста и квалитетот на живот на населението.
- Поттикнување на одговорно однесување и активно учество на граѓаните во зачувувањето на јавниот ред, чистотата и безбедноста на заедницата.
Територијална противпожарна единица
Територијална противпожарна единица ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Гаснење на пожари на подрачјето на Оштината, односно подрачјето што го покрива
- Отстранување на непосредната опасност за настанување на пожар
- Спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загорзен од пожари и експлозии
- Укажување на техничка помош при опасни ситуации
- Извршување на други работи при несреќи и непогоди
- Врши непрофитабилни услуги заради подобрување на техничката опременост и услови за работа, кои не го оневозможуваат или попречуваат вршењето на функцијата од претходните алинеи на овој став
- Заедно со територијалните противпожарни единици на општините во РСМ утврдени со закон, дејствуваат како противпожарни единици на РСМ заради оперативно делување при гаснење големи пожари на целата територија на РСМ
- Давање помош кога тоа е побарано при гаснење пожари во други држави
- Водење посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствена метологогија и известување на Дирекцијата за заштита и спасување и Општина Пласница
- Периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која располага Територијалната противпожарна единица
- Тековна поправка и одржување на механиката
- Давање противпожарно обезбедување на објекти, делегации, јавни собири, спортски и други манифестации, во координација со Министерството за внатрешни работи
- Соработува со општините чии подрачја ги покрива, едукација на граѓаните за заштита од пожари, преку организација на предавања, преку медиуми и организирање други активности
- Други работи што ќе бидат доверени во надлежност согласно законите и другите пропис
Во случај на пожар или друга итна состојба поврзана со пожари на територијата на општина Пласница граѓаните веднаш да се обратат до Територијалната противпожарна единица Македонски Брод на телефонскиот број:
- 045 274 493
Исто така, за итни интервенции на располагање е и националниот број за противпожарна служба:
- 193