Социјалната заштита е систем на мерки, активности и политики за спречување и надминување на основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот во текот на животот, за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост и за јакнење на неговиот капацитет за сопствена заштита.
Под социјален ризик се подразбира:
ризици по здравјето (болест, повреда и инвалидност);
ризици на старост и стареење;
ризици на еднородителско семејство;
ризици од невработеност;
губење на приход за издржување по основа на работа;
ризици од сиромаштија и
ризици од друг вид на социјална исклученост
