Градоначалник на Општина Пласница Алија Јаоски

Алија Јаоски е роден на 10.01.1968 година во село Пласница. Основно училиште има завршено  во родното место Пласница. Дипломирал на Економски Факултет.

Управител е на приватната  фирма „ПУЦКО КОМЕРЦ“. Зборува на повеќе странски јазици Турски, Германски,  а спортувањето му е омилена рекреација.

На вондредните локални избори, кои се одржаа за општина Пласница и за општина Штип на 13.12.2020 година за прв пат е избран за Градоначалник на општина Пласница, од жителите на општина Пласница поторно ја доби довербата и на локалните избори кои се одржаа во 2021 година.