СОВЕТ НА ОПШТИНА ПЛАСНИЦА
Советот на Општината е претставнички орган на граѓаните и го сочинуваат десет претставници на граѓаните избрани на општи непосредни и слободни избори со тајно гласање.
Мандатот на членовите на Советот трае четири години.
Членот на Советот има право и должност:
- Да предлага претресување на прашања, појави и состојби што се од локално значење, како и од значење за граѓаните во Општината;
- Да дава иницијативи за донесување на одлуки и други акти од надлежност на Советот, како и да предлага амандмани, на начин и по постапка предвидени во Деловникот;
- Да бара од администрацијата на Општината, како и од јавните служби, установи и претпријатија и од други институции, основани од Општината, податоци и други информации за прашања од нивниот делокруг, а што му се потребни за неговата работа во Советот;
- Да бара и добие стручна помош во изработувањето на предлози што тој му ги поднесува на Советот, во поставувањето на советнички прашања и во вршењето на други работи што му ги доверил Советот, односно комисија во која членува;
- Да ги чува како тајна податоците, кои се класифицирани како такви, што ќе ги дознае на седница на Советот или на комисија.
Реден број | Презиме и име на членот на Советот | Место на живеење | Е-маил адреса |
1 | Амел Рамески | Пласница | ammell_amel@hotmail.com |
2 | Џемаил Асаноски | Лисичани | asanoskidzemail098@gmail.com |
3 | Ќерима Миртоска | Пласница | kerima.mirtoska@gmail.com |
4 | Абдулкадар Абдуладијоски | Преглово | |
5 | Ермин Салифоски | Преглово | ermin.s@t.mk |
6 | Садаим Азизоски | Преглово | adaim.azizoski@hotmail.com |
7 | Шпресим Ајроски | Преглово | shpresim1969@gmail.com |
8 | Менил Мукрем | Лисичани | menil-e@live.com |
9 | Рамазан Деароски | Пласница | ramazanramko66@gmail.com |