Општина Пласница во соработка со УСАИД преку меморандумот за соработка се приклучува кон проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите од кампањата.

Мојот данок, за мојата општина !

До подобри општини со навремено подмирување данок на имот.

Преку оваа кампања сакаме да ја информираме јавноста дека плаќањето на данок на имот е должност на секој граѓанин -даночен обврзник, но истовремено и придонес на поединецот за градење подобра иднина во општината каде што живее.

Доколку поседувате имот во одредена општина тогаш станувате даночни обврзници со законско право на даночно решение за данок на имот, но и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот на имот.

Секој граѓанин со навремено подмирување на данокот придонесува за општината постојано да расте, да се развива и да се модернизира со која во иднина ја очекуваат нови паркови, нови игралишта, нови градинки, нови улици, ново осветлување, нови училишта и нови проекти.

За повеќе детали погледнете го видеото на следниот линк

Со почит,
Општина Пласница