Во с.Лисичани е поставено ново осветлување на повеќе локации, вклучувајќи го патот од главниот мост кон училиштето, па сè до гробиштата, што значително ја подобрува безбедноста на движењето во вечерните часови. Дополнително, ново осветлување е поставено и на игралиштето, овозможувајќи на младите и сите жители на селото да уживаат во спортските активности под безбедни и осветлени услови.